Македонско традиционално гравче ??

Велат, просто како грав, но не е баш така. Фактот што речиси секој од нас којшто пробал грав на различни места има исто толку различни искуства е доказ за тоа. Искуствата (од многу лоши до одлични) сведочат дека подготовката на вкусен грав баш и не е толку едноставна. Пробајте го овој рецепт за исклучително вкусен грав.
Порции: 5 yield(s)
Подготовка: 30 мин.
Готвење: 90 мин.
Вкупно време 120 мин.
Состојки
  • 500 g бел грав
  • 2 кромид
  • 2 суви пиперки
  • 1 tsp сушен магдонос
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 tbsp сол
  • 1 tbsp блага пипер (зачин)
  • 1 tbsp буковец (зачин)
  • 2 tbsp брашно (по можност интегрално)
  • 3 претходно подготвени сецкани колбаси или ќофтиња (по желба)
Инструкции
  1. Гравот се мие со ладна вода, неколку пати. Се остава да отстои во вода преку ноќ.
  2. Утредента се фрла водата, се става нова, зоврива, после десет минути, се фрла и таа вода.
  3. Се налева врела вода, од страна, да не се отворат зрната, над гравот неколку прсти да биде нивото на вода, и веднаш на рингла.
  4. Претходно се сецкаат ситно кромидот и пиперките. Се додаваат и сувите пиперки ако имате, цели или на парчиња. Се додаваат претходно подготвени колбаси, сланина или ќофтиња за побогат вкус.
  5. Се додава запршка од две лажички црвен пипер, масло и малку брашно. Се размешува, се чека да зоврие убаво, се намалува температурата, гравот се покрива со капак и се остава да вари на ниска температура.
  6. Гравот потоа не треба да се меша. Густината за водата се проверува кратко со спуштена лажица и доколку е потребно може да се додаде вода (најдобро е ако водата што ја додаваме е жешка), но треба да се додава внимателно, малку по малку.
  7. Кога гравот е добро сварен, а тоа се гледа по врвот на гравот, поинаку врие, згустен е и има меурчиња, тогаш значи дека процедурата е при крај. Се додава сол, се меша кратко и се остава да се вари уште 5 минути.
  8. На крај се додава уште буковец во самиот сад или во чинијата кога гравчето е веќе сервирано. Вкупното време на варење е 1.5 до 2 часа.
  9. Доколу сакате да подготвите тавче-гравче, претурете го гравот во тава и печете додека не фати кора и не зарумени. Претходно внимавајте да не оставите ниту премногу ниту премалку вода над гравот со цел да може навреме да испари. На здравје мерак! Не заборавајте шопска салата!