Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Главни јадења, Ручек, Супи и чорби
Cuisine: Македонска
			
			
									
					
						
						
						Количина
						4 Порции
										
						
						Комплексност:Средна					
										
					
						
						Подготовка:						15 мин.
										
						
						Готвење:
						1 ч. 					
										
						
						Вкупно време
						1 ч. 15 мин.
						
			
					Како и другите билки од фамилијата на мешунки, леќата (Lens culinaris) содржи многу белковини. Таа е нутритивно многу богата храна. Покрај тоа, таа е моќно средство за намалување на нивото на холестерол во крвта, а помага и во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта. Едно од најздравите македонски јадења е познатата чорба од леќа којашто едноставно мора да ја пробате.
Состојки
						Прилагоди број на порции
						
					
					
				Инструкции
- Исецкајте ги ситно кромидот, пиперката, доматот и морковите. Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки.
 - Во тенџере на оган ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло ставете го кромидот и пржете го додека не омекне. Во тенџерето додадете ги сецканите моркови и компирите, па ставете малку вода и оставете да се динстаат за кратко (5 минути).
 - Додадете ја сецканата пиперка и оставете да се динста со претходно ставените состојки околу 1 минута. Во тенџерето додадете ја измиената леќа, исецканиот домат, па зачинете со буковец, црвена пипер, црн пипер и сол.
 - Постепено и со постојано мешање, додадете врела вода скоро до врвот на тенџерето, па покријте го со капак (предлагам тенџерето да не е целосно покриено со капакот, со цел да не дојде до претекување). По 10 минути, со кутлача наполнете една средна чаша со мешавината од тенџерето (зеленчук, зачини и вода) и ставете ја во блендер. Мешавината повторно вратете ја во тенџерето и промешајте, со тоа ќе добиете чорба со природно поголема густина. Оставете ја леќата да се вари на умерено слаб оган околу еден час.
 - Пред да ја тргнете чорбата од огнот, додадете ги магдоносот и лукчето (ситно сецкани). Варете уште неколку минути и јадењето е готово. Топлата посна чорба од леќа послужете ја веднаш. На здравје!
 
