Македонска чорба од леќа ??

Како и другите билки од фамилијата на мешунки, леќата (Lens culinaris) содржи многу белковини. Таа е нутритивно многу богата храна. Покрај тоа, таа е моќно средство за намалување на нивото на холестерол во крвта, а помага и во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта. Едно од најздравите македонски јадења е познатата чорба од леќа којашто едноставно мора да ја пробате.
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 60 мин.
Вкупно време 75 мин.
Состојки
  • 200 g леќа
  • 2 моркови
  • 1 блага пиперка
  • 2 помали компири
  • 1 кромид (сецкан)
  • 1 домат
  • 1 tbsp благ црвен пипер
  • 1 tbsp буковец
  • 1 tsp црн бибер
  • 1 tsp сол
  • 2 чешниња лук (сецкани)
  • 1 tbsp свеж магдонос
  • 1 tbsp маслиново масло
Инструкции
  1. Исецкајте ги ситно кромидот, пиперката, доматот и морковите. Излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки.
  2. Во тенџере на оган ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло ставете го кромидот и пржете го додека не омекне. Во тенџерето додадете ги сецканите моркови и компирите, па ставете малку вода и оставете да се динстаат за кратко (5 минути).
  3. Додадете ја сецканата пиперка и оставете да се динста со претходно ставените состојки околу 1 минута. Во тенџерето додадете ја измиената леќа, исецканиот домат, па зачинете со буковец, црвена пипер, црн пипер и сол.
  4. Постепено и со постојано мешање, додадете врела вода скоро до врвот на тенџерето, па покријте го со капак (предлагам тенџерето да не е целосно покриено со капакот, со цел да не дојде до претекување). По 10 минути, со кутлача наполнете една средна чаша со мешавината од тенџерето (зеленчук, зачини и вода) и ставете ја во блендер. Мешавината повторно вратете ја во тенџерето и промешајте, со тоа ќе добиете чорба со природно поголема густина. Оставете ја леќата да се вари на умерено слаб оган околу еден час.
  5. Пред да ја тргнете чорбата од огнот, додадете ги магдоносот и лукчето (ситно сецкани). Варете уште неколку минути и јадењето е готово. Топлата посна чорба од леќа послужете ја веднаш. На здравје!