Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Количина
2 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 15 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
45 мин.
Многу сакам кремасти јадења и многу сум среќна кога ќе направам јадење кое е и кремасто и здраво. 🙂 Ова јадење го создадов спонтано, но излезе многу, многу вкусно! А тоа што е вкусно, мора да се сподели. Дефинитивно ќе го приготвам уште многу пати. Совршено се вклопува со виџис компири или салата како ганир.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Пилешкото исецкајте го на коцки и зачинете го со сол и црн бибер. После тоа премачкајте ја секоја коцка пилешко месо со сенф.
- Запржете го месото заедно со сусамот, за кратко време, во маслиново масло. Потоа оставете го да се динста 15 минути во водата што ќе ја испушти.
- Додадете го црвениот грав од конзерва па динстајте уште 10 минути. Пробајте една коцка месо за да видите дали е добро приготвена.
- Додадете 15 листови рукола и хопла за готвење. Динстајте и мешајте уште 5 минути на тивок оган.
- На крај од горе додадете уште 5 листови рукола за декорација и послужете со гарнир компири или салата.