Крем леќа со таан

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 40 мин. Вкупно време 50 мин.

Порано бев цврст поборник против леќата, но знаејќи ги нејзините богати хранливи вредности, решив да вложам напор и да направам неколку експерименти за да дојдам до оброк од леќа што ќе ми се допадне. Го направив сето тоа и верувајте ми дека вредеше! Вака приготвената леќа не само што ми се допаѓа, туку изненадувачки многу ми се допаѓа! Има кремаста текстура, невообичаено добар вкус и одлично оди во комбинација со компири или ориз. Мора да ја пробате!

Состојки

0/11 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Кромидот и лукот исецкајте ги ситно, па ставете ги да се пропржат во тенџере.
  • Во истото тенџере додадете ја леќата, солта, водата и коцките супа. Варете околу 40 минути на среден накај слаб оган, односно додека леќата не омекне доволно за ваш вкус.
  • 10 минути пред да ја тргнете леќата од оган, додадете го доматното пире, оцетот, таанот и сенфот. Измешајте убаво за да добиете густа течност. Варете уште 10 минути и послужете со компири или ориз.