Крем леќа со таан

Порано бев цврст поборник против леќата, но знаејќи ги нејзините богати хранливи вредности, решив да вложам напор и да направам неколку експерименти за да дојдам до оброк од леќа што ќе ми се допадне. Го направив сето тоа и верувајте ми дека вредеше! Вака приготвената леќа не само што ми се допаѓа, туку изненадувачки многу ми се допаѓа! Има кремаста текстура, невообичаено добар вкус и одлично оди во комбинација со компири или ориз. Мора да ја пробате!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 40 мин.
Вкупно време 50 мин.
Состојки
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 шолја зелена леќа
  • 2 коцки супа од зеленчук
  • 1 tbsp доматно пире
  • 1 tsp вински оцет
  • 1 tsp сенф
  • 1 tbsp таан
  • 3 шолји вода
  • 1/4 tsp сол
  • 1 tbsp мед
Инструкции
  1. Кромидот и лукот исецкајте ги ситно, па ставете ги да се пропржат во тенџере.
  2. Во истото тенџере додадете ја леќата, солта, водата и коцките супа. Варете околу 40 минути на среден накај слаб оган, односно додека леќата не омекне доволно за ваш вкус.
  3. 10 минути пред да ја тргнете леќата од оган, додадете го доматното пире, оцетот, таанот и сенфот. Измешајте убаво за да добиете густа течност. Варете уште 10 минути и послужете со компири или ориз.