Интегрални мафини со сирење

Количина 18 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 40 мин. Вкупно време 50 мин.

Ги правам овие вкусни мафини веќе со години, и тие сè уште се еден од омилените оброци во нашиот дом. Тие се екстремно лесни за правење, вкусни се и крцкави затоа што се полни со сирење и семиња, а исто така се и суперхранливи. Можете да ги јадете свежи со чаша јогурт или ајран, може да ги јадете со чај, па дури може и да направите мали сендвичи од нив – само пресечете ги на половина, премачкајте ги половините со некој лесен намаз и ставете парче кашкавал, краставица и домат помеѓу нив. Целото ваше семејство ќе ги обожава. Bake some love!

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/2 Инструкции
  • Измешајте ги сите состојки заедно во сад со помош на лажица. Со лажица ставајте од смесата во калап за мафини (јас користев 2 калапи со вкупно 18 длабини за мафини 12+6). Доколку имате калапи на кои мафините често знаат да се залепат и да бидат тешки за вадење, тогаш може во длабините да поставите мали парченца хартија за печење.
  • Печете 20 минути на 180 степени. Извадете ги мафините од рерна, премачкајте ги со изматена жолчка, посипете ги со сусам, а потоа вратете ги во рерна уште 20 минути. Оставете ги да се изладат, па извадете ги од калапите и послужете.