Интегрални мафини со сирење

Ги правам овие вкусни мафини веќе со години, и тие сè уште се еден од омилените оброци во нашиот дом. Тие се екстремно лесни за правење, вкусни се и крцкави затоа што се полни со сирење и семиња, а исто така се и суперхранливи. Можете да ги јадете свежи со чаша јогурт или ајран, може да ги јадете со чај, па дури може и да направите мали сендвичи од нив - само пресечете ги на половина, премачкајте ги половините со некој лесен намаз и ставете парче кашкавал, краставица и домат помеѓу нив. Целото ваше семејство ќе ги обожава. Bake some love!
Порции: 18 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 40 мин.
Вкупно време 50 мин.
Состојки
  • 1.5 шолја интегрално брашно (јачменово или 'ржано)
  • 300 g сирење
  • 150 g микс семиња (ленено семе, сончоглед, семки од тиква, сусам)
  • 1.5 tsp сода бикарбона
  • 2/3 шолја газирана вода
  • 1/2 tsp сол
  • 2 јајца
  • 1 жолчка од јајце (за премачкување)
  • 2 tsp сусам (за посипување)
Инструкции
  1. Измешајте ги сите состојки заедно во сад со помош на лажица. Со лажица ставајте од смесата во калап за мафини (јас користев 2 калапи со вкупно 18 длабини за мафини 12+6). Доколку имате калапи на кои мафините често знаат да се залепат и да бидат тешки за вадење, тогаш може во длабините да поставите мали парченца хартија за печење.
  2. Печете 20 минути на 180 степени. Извадете ги мафините од рерна, премачкајте ги со изматена жолчка, посипете ги со сусам, а потоа вратете ги во рерна уште 20 минути. Оставете ги да се изладат, па извадете ги од калапите и послужете.