Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Количина
4 Порции
Еве еден навистина прекрасен индиски оброк со невообичаена длабочина на вкус, кој сепак се прави со локални зачини. Бидете храбри и пробајте микс од слатко и солено, верувајте, тоа е вкус од сосема нова димензија! Тоа е оброк којшто може убаво се комбинира и со пилешко, но и со зеленчук. Како гарнир, препорачувам варен ориз или печен компир.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Месото (или обарените брокули) исецкајте ги на парчиња. Ставете ги во сад, посипете ги со зачини и измешајте.
- Испржете ги ситните парчиња лук и кромид, па ставете го месото да се динста околу 15 минути во 2 лажици маслиново масло, во истата тава. Додадете ги печурките и динстајте уште 10 минути.
- Додадете го кокосовото млеко и кокосот (кокосови трошки), динстајте уште некоја минута и додадете го доматното пире.
- По само уште 5 минути на тивок оган, јадењето е спремно за послужување.
Здраво, мене малку ме буни рецептов. Не гледам ниту кари, ниту доматно пире (чекор 3) во состојките. Кога и колку се става?
Здраво,
Доматно пире се става 1/2 шолја – додадено е во состојки, ти благодарам 🙂 а кари како зачин нема во рецептот затоа што самиот оброк во индиската кујна се вика Кари. Всушност јадењето со име кари не значи дека храната содржи кари зачин. Во оригиналните традиционални кујни во Азија, кари едноставно значи дека секое јадење се состои од богато зачинет сос варен со месо и/или зеленчук. Поздрав и убав ден 🙂