Индиска кујна: Кокос Кари ??

Еве еден навистина прекрасен индиски оброк со невообичаена длабочина на вкус, кој сепак се прави со локални зачини. Бидете храбри и пробајте микс од слатко и солено, верувајте, тоа е вкус од сосема нова димензија! Тоа е оброк којшто може убаво се комбинира и со пилешко, но и со зеленчук. Како гарнир, препорачувам варен ориз или печен компир.
Порции: 4 yield(s)
Состојки
  • 500 g пилешки стек (наместо стек може да користите брокули)
  • 250 g печурки
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 шолја кокосово млеко
  • 1 tbsp кокосово брашно
  • 1 tsp чили
  • 1 tsp вегета (или сол)
  • 1 tbsp црвен пипер
  • 1 tbsp сушен босилек
  • 2 tbsp маслиново масло
  • 1/2 шолја доматно пире
Инструкции
  1. Месото (или обарените брокули) исецкајте ги на парчиња. Ставете ги во сад, посипете ги со зачини и измешајте.
  2. Испржете ги ситните парчиња лук и кромид, па ставете го месото да се динста околу 15 минути во 2 лажици маслиново масло, во истата тава. Додадете ги печурките и динстајте уште 10 минути.
  3. Додадете го кокосовото млеко и кокосот (кокосови трошки), динстајте уште некоја минута и додадете го доматното пире.
  4. По само уште 5 минути на тивок оган, јадењето е спремно за послужување.