Здрави мафини со џем од боровинки

Количина 20 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 10 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 40 мин.

Домашните здрави мафини се многу подобри од било што и да купите од локалната пекара или слаткарница. Ги има од класични и едноставни мафини до специфични мафини полнети со фил. Како и да е, постојат многу варијанти на мафини и ние сите тие ќе ги приготвиме. Прочитајте го рецептот, а потоа изненадете ги вашите најблиски со овие убавини 🙂

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/4 Инструкции
  • Бананите ставете ги во длабока чинија и испасирајте ги со лажица. Додадете ги останатите состојки (освен џемот од боровинки) и убаво промешајте со лажица за да добиете хомогена смеса за мафини.
  • Во калап за мафини, ставете украсни хартиени корпи за мафини и во секоја од нив ставете по една лажица од смесата и убаво израменете.
  • Врз смесата во секоја хартиена корпа ставете по една мала лажица природен џем од боровинки. Врз џемот ставете уште една супена лажица од смесата за мафини со цел да добиеме целосен и затворен колач.
  • Декорирајте по желба (јас ставив рендано бело чоколадо за готвење) и печете 30 минути на 180 степени.