Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Мезе и грицки, Разно, Ужина
Количина
20 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
1 ч.
Вкупно време
1 ч. 10 мин.
Сите можеме да се согласиме дека и возрасните, и децата, ама баш сите сакаме да грицкаме крекери! Наутро наместо појадок или за време на филм, не е важно. За среќа за сите нас, ви ја претставувам мојата најнова еурека: најздравите крекери што сте ги пробале досега! Тие се исклучително вкусни, крцкави и лесни за подготовка. Погледнете како се прават и закажете состанок со вашата рерна, уште вечерва! Испечете им љубов на пријателите и семејството и подарете им ја во текот на утрешниот ден!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги сите семиња, лукот во прав, маслиновото масло и солта во длабок сад, додадете ја водата и мешајте со лажица со цел убаво да се комбинираат.
- Оставете ја смесата во период од 15 минути за да можат чиа семињата и лененото семе да омекнат. После тоа, уште еднаш измешајте ја целата смеса.
- Ставете ја смесата во тава за печење врз претходно поставена хартија и развлечете ја со лажица низ цела тава за да биде колку што е можно потенка (околу 4 мм). Потоа печете ја убаво израмнетата смеса во период од 30 минути.
- Извадете ја тавата од рерната и исечете ја делумно зацврстената смеса во вид на крекери. После тоа, вратете ја во рерната и печете уште 30 минути додека крекерите не станат крцкави и не добијат златно-кафеава боја.