Здрави крекери

Сите можеме да се согласиме дека и возрасните, и децата, ама баш сите сакаме да грицкаме крекери! Наутро наместо појадок или за време на филм, не е важно. За среќа за сите нас, ви ја претставувам мојата најнова еурека: најздравите крекери што сте ги пробале досега! Тие се исклучително вкусни, крцкави и лесни за подготовка. Погледнете како се прават и закажете состанок со вашата рерна, уште вечерва! Испечете им љубов на пријателите и семејството и подарете им ја во текот на утрешниот ден!
Порции: 20 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 60 мин.
Вкупно време 70 мин.
Состојки
  • 1/4 шолја ленено семе
  • 1/2 шолја семки од тиква
  • 1/2 шолја сончоглед
  • 1/4 шолја сусам
  • 1/4 шолја чиа семе
  • 1 шолја овесни снегулки
  • 1/2 tsp сол
  • 1/2 tsp лук во прав
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 шолја вода
Инструкции
  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги сите семиња, лукот во прав, маслиновото масло и солта во длабок сад, додадете ја водата и мешајте со лажица со цел убаво да се комбинираат.
  2. Оставете ја смесата во период од 15 минути за да можат чиа семињата и лененото семе да омекнат. После тоа, уште еднаш измешајте ја целата смеса.
  3. Ставете ја смесата во тава за печење врз претходно поставена хартија и развлечете ја со лажица низ цела тава за да биде колку што е можно потенка (околу 4 мм). Потоа печете ја убаво израмнетата смеса во период од 30 минути.
  4. Извадете ја тавата од рерната и исечете ја делумно зацврстената смеса во вид на крекери. После тоа, вратете ја во рерната и печете уште 30 минути додека крекерите не станат крцкави и не добијат златно-кафеава боја.