Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Намази и сосови, Појадок, Разно, Ужина
Количина
1 Порција
Комплексност:Лесна
Готвење:
20 мин.
Направете си го веднаш (се прави 20 минути), а потоа експериментирајте и со други овошја за да видите колку убави џемови ќе ви излегуваат, со 0% шеќер, богати со нутритивни вредности и превкусни! Па уште во комбинација со некој путер од јатки или путер од кикирики? Или во overnight oatmeal? Или во мафини? Предобро! на комбинациите им нема крај! Дефинитивно мојата најубава еурека. Дозата е доволна за две мали теглички или за една средна. Ваквиот џем се прави за 20 минути и може да стои во фрижидер до 1 недела. Но ќе ви го снема за 2 дена од што е совршен!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Ставете ги исечените праски и водата во блендер и пулсирајте додека не добиете густа смеса.
- Во смесата додадете мед и цимет и повторно пулсирајте. Додавајте мед или цимет доколку сакате позасилен вкус.
- Штом смесата е готова, додадете го чиа семето, измешајте и оставете да отстои 20 минути во сад или во бокалот од блендерот.
- Префрлете го џемот во 2 мали теглички или во една средна и ставете ги во фрижидер. Нарениот ден се спремни за јадење. Чувајте во фрижидер до 1 недела.