Здрав џем од праски и џимет
Направете си го веднаш (се прави 20 минути), а потоа експериментирајте и со други овошја за да видите колку убави џемови ќе ви излегуваат, со 0% шеќер, богати со нутритивни вредности и превкусни! Па уште во комбинација со некој путер од јатки или путер од кикирики? Или во overnight oatmeal? Или во мафини? Предобро! на комбинациите им нема крај! Дефинитивно мојата најубава еурека. Дозата е доволна за две мали теглички или за една средна. Ваквиот џем се прави за 20 минути и може да стои во фрижидер до 1 недела. Но ќе ви го снема за 2 дена од што е совршен!
Порции:
1
yield(s)
Готвење:
20
мин.
Состојки
-
3
праски
-
4
tsp
мед
(додадете повеќе ако сакате да биде поблаг)
-
1.5
tsp
цимет
(додадете повеќе ако сакате поинтензивен вкус на цимет)
-
4
tbsp
чиа семе
-
2
tbsp
вода
Инструкции
-
Ставете ги исечените праски и водата во блендер и пулсирајте додека не добиете густа смеса.
-
Во смесата додадете мед и цимет и повторно пулсирајте. Додавајте мед или цимет доколку сакате позасилен вкус.
-
Штом смесата е готова, додадете го чиа семето, измешајте и оставете да отстои 20 минути во сад или во бокалот од блендерот.
-
Префрлете го џемот во 2 мали теглички или во една средна и ставете ги во фрижидер. Нарениот ден се спремни за јадење. Чувајте во фрижидер до 1 недела.