Тикварник со прелив од ванила

Мора да го пробате ова дома, и тоа повеќе од еднаш во периодот што следи. Надвор ладно, дома топло. Шолја какао и тикварник со прелив од ванила. Мх! А, аромата што ќе ја исполнува вашата куќа при печењето на ова чудо !? Тоа едноставно мора да се почувствува. Па што чекаме?

Руска кујна: Пилешко Строганов

Пилешкото Строганов е едно од моите омилени странски јадења, а сега го прилагодив со здрави состојки и со фантастичен вкус на лешник што го добив експериментирајќи. Превкусно!

Крем леќа со таан

Порано бев цврст поборник против леќата, но знаејќи ги нејзините богати хранливи вредности, решив да вложам напор и да направам неколку експерименти за да дојдам до оброк од леќа што ќе ми се допадне. Го направив сето тоа и верувајте ми дека вредеше! Вака приготвената леќа не само што ми се допаѓа, туку изненадувачки многу...

Чоколадни протеински палачинки

Порано никогаш не можев ни да замислам дека овој десерт со неверојатен изглед може да биде здрав. А сепак, ова што го гледате е целосно здраво! Можеме да претвориме сè во здрава храна, само бидете тука со мене и не плашете се да влезете во вашата кујна и да создавате чуда!

Твојот нов омилен пијалок: Мака Лате

Го претставувам вашиот следен омилен пијалок кој прекрасно ќе ја обележи вашата есен и зима. Замислете ги сите тие пријатни денови коишто следат, вие завиткани под ќебе, а во дланките држите полна шолја здравје и радост! Има вкус на топло чоколадо со нота за колачиња, извонредно вкусно, а сепак одлично за вашето здравје. Ви се...

Македонска кујна: Охридски интегрални ѓевреци со јајца 🇲🇰

Дали некогаш сте пробале интегрални ѓевреци со јајца? Тоа е превкусен појадок кој може да го дегустирате во некој од рестораните во Охрид, додека уживате во глетка со поглед на езеро. Совршено одат со ајвар и традиционалното охридско макало од лук. Можете да користите полуготови интегрални ѓевреци (ги има во поголемите маркети) или да ги...

Ќофтиња од тиквички и компири

Овој рецепт е многу лесен за правење и вклучува само неколку едноставни состојки. Ова е всушност еден од моите омилени начини за подготовка на тиквички! Овие ќофтиња не содржат млеко, а вашите деца ќе ги обожаваат! Верувам дека не треба да ви кажувам колку е здрав зеленчукот за вашата исхрана, а неговите хранливи вредности вака...