Јајца на путер со праз

Зачинет праз врз путер и сето тоа со неколку јајца … Нема да верувате во неверојатниот вкус на ова јадење. А зошто е здраво? Прочитајте подолу. Празот е одличен извор на витамини А, Ц и К (важен е за превенција при згрутчување на крвта). Исто така содржи минерали како што се железото (што е важно...

Празнична пита со јаболка

Моите новогодишни и божиќни желби за вас оваа година се следниве: срце исполнето со топлина, куќа исполнета со заносен мирис на јаболко и цимет, како и многу здрави јадења со вкус толку добар како вкусот на оваа пита со прелив од карамела ️♥️ Празниците може да започнат! Бидете сите здрави и радосни секој ден!

Мексиканско Chili Con Carne 🇲🇽

„Chili Con Carne“. Три мали зборови кои опишуваат едно прекрасно јадење. Денес го носам овој мексикански специјалитет директно во вашата кујна! Може да го комбинирате со ориз или да го завиткате во тортилја со малку салата. Во секој случај – ќе го обожавате!

Домашен мус со киви

Ви го претставувам најновиот производ на мојата креативност, едноставен и вкусен десерт што може да се приготви за неколку минути. Потребни ви се само неколку едноставни состојки и процесор за храна (блендер). Уживајте во вашата здрава ужинка!

Здрав сендвич со карамелизиран кромид

Имав и други рецепти кои чекаа да бидат споделени со вас пред овој, но едноставно не можев да дочекам да му дојде редот. Овој сендвич е еден од најдобрите оброци за појадок што сум ги подготвила во животот! Јас лично обожавам карамелизиран кромид, но неговата комбинација со останатите состојки е нешто што не можам да...

Тајландско пилешко во сос од кикирики 🇹🇭

Според резултатите од анкетата што вчера ја објавив на story, увидов дека и вие сте добиле желба за некој специјалитет од азиската кујна. Ви претставувам еден извонреден тајландски рецепт, именуван како пилешко во сос од кикирики. Има егзотичен вкус и совршено одговара со прилог од компири или ориз. На здравје!

Крцкави Виџис моркови

Веќе го знаете мојот рецепт за виџис компири, па еве уште еден рецепт, малку поинаков, но исто вкусен и крцкав. Секој од вас којшто досега не знаеше како да стане љубител на здравиот морков, еве ја вашата прилика! Направете си само здрави сосчиња за мацкање, на пример со лук и грчки јогурт или мед-сенф сос...