Марокански кускус со куркума ??

Кускус е вид тестенина, по потекло од Мароко. Овие ситни топчиња од гриз-брашно се традиционално јадење на северноафричката и медитеранска кујна. Се карактеризираат со жолтеникава боја и се користат како состојка во многу јадења и салати. Имено, кускус претставува одлична замена за ориз. Меѓутоа, една шолја кускус има околу 180 калории, далеку помалку во споредба...

Македонска пита со спанаќ, сирење и интегрално брашно ??

Што сè има во 100 грама спанаќ? Има само 23 калории. Содржи солидна количина растворливи растителни влакна и се препорачува во програмите за намалување на холестеролот во крвта. Има околу 25 проценти од дневните потреби од железо. Има 4 пати повеќе од дневните потреби на витамин К. Витаминот К игра клучна улога во зајакнувањето на...

Мисиркино месо во сенф и рузмарин

Мисиркиното месо има предност над пилешкото месо и во себе содржи 20% помалку калории и 75% помалку масти, а двојно повеќе витамин Б, железо и цинк. Исто така содржи повеќе протеини од други видови месо и е доста вкусно. Во други култури вообичаено се подготвува мисиркиното месо за празници и прослави. Пробајте го овој рецепт...

Македонско традиционално гравче ??

Велат, просто како грав, но не е баш така. Фактот што речиси секој од нас којшто пробал грав на различни места има исто толку различни искуства е доказ за тоа. Искуствата (од многу лоши до одлични) сведочат дека подготовката на вкусен грав баш и не е толку едноставна. Пробајте го овој рецепт за исклучително вкусен...

Сладок компир со сос чили гвакамоле ??

Слатките компири се хранливи, богати со растителни влакна и многу вкусни. Може да се јадат варени, печени или пржени. На пример, следниот рецепт ќе ви овозможи одличен извор на бета-каротин, витамин Ц и калиум. Исто така, со овој оброк ќе внесете и многу други витамини и минерали. Па, што чекаме?

Чоколаден мус без чоколадо

Поздрав до сите страствени љубители на чоколадо, знам дека би го јаделе секој ден! Денес за вас имам здрава замена за десерт од чоколадо којашто е екстремно вкусна и едноставна. Дополнително на тоа, може да ја приготвувате во најразлични варијанти додавајќи различни дополнителни состојки.

Вегански тестенини со тиквички ??

Најдоброто нешто во врска со тестенините е тоа што е се разновидни и многу вкусни. Подгответе се за стотици рецепти со начини како да направите здрави тестенини во вашата кујна. На пример, веганските тестенини со тиквички кои ви ги прикажувам подолу се нешто за кое ќе зборувате со денови.