Турски Чилбир јајца

Количина 1 Порција Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 20 мин.

Чилбир е всушност турски специјалитет со јајца кој претставува еден многу едноставен, вкусен и хранлив рецепт за појадок. Овој рецепт наликува на стандардниот рецепт за јајца на око, но е проследен со ултра добар турски шмек кој се состои од павлака или грчки јогурт со вкус на лук, како и од путер со вкус на чили. Ви привлеков внимание? Тогаш погледнете го рецептот.

Состојки

0/8 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Измешајте го грчкиот јогурт или павлаката со лукот во прав. Додадете малку копар во самата смеса. Префрлете ја смесата во плитка чинија и израмнете ја со лажица. Може да ставите и парче пршута над јогуртот, но само доколку сакате.
  • Земете две јајца и испржете ги на око во тава, со малку сол. Ставете ги врз намазот од јогурт (или преку поставената пршута, доколку ја има).
  • Растопете го путерот во мало тенџере, додајте чили во прав и благ црвен пипер, а потоа истурете ја смесата врз поставените јајца. Декорирајте го појадокот со остатокот од копарот.