Пудинг од чиа и јагоди

Количина 2 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 5 мин. Вкупно време 15 мин.

Чиа е семе за јадење, кое доаѓа од пустинското растение Salvia hispanica, кое расте во Мексико. Потекнува уште од древните Маи и Ацтеки. „Чиа“ значи сила, и оттогаш овие ситни црни семиња се познати како енергетски засилувачи. Тоа има смисла, бидејќи чиа семињата се полни со здрави омега-3 масни киселини, јаглени хидрати, протеини, растителни влакна, антиоксиданти и калциум. Пробајте го овој вкусен пудинг со чиа семе, и обидете се да подготвувате вакви слични десерти, барем еднаш неделно. Не би ви пречело тоа, нели? 🙂

Состојки

0/4 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/3 Инструкции
  • Земете две чаши, наполнете ги со млеко до половина и потоа во млекото додадете чиа семе. Оставете ги чашите во фрижидер минимум 2 часа и промешувајте од време на време, со цел чиа семето убаво да набабри и да се распореди во чашата.
  • Во блендер ставете ги овошјата додека не постигнете убава, густа смеса.
  • Истурете ја овошната смеса врз млекото во чашите, со сега веќе згуснат чиа пудинг. Декорирајте по желба и послужете.