Пудинг од чиа и јагоди

Чиа е семе за јадење, кое доаѓа од пустинското растение Salvia hispanica, кое расте во Мексико. Потекнува уште од древните Маи и Ацтеки. „Чиа“ значи сила, и оттогаш овие ситни црни семиња се познати како енергетски засилувачи. Тоа има смисла, бидејќи чиа семињата се полни со здрави омега-3 масни киселини, јаглени хидрати, протеини, растителни влакна, антиоксиданти и калциум. Пробајте го овој вкусен пудинг со чиа семе, и обидете се да подготвувате вакви слични десерти, барем еднаш неделно. Не би ви пречело тоа, нели? :)
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 5 мин.
Вкупно време 15 мин.
Состојки
  • 2 cup млеко (јас користев оризово млеко)
  • 50 g чиа семиња
  • 2 банани
  • 10 јагоди (свежи или замрзнати)
Инструкции
  1. Земете две чаши, наполнете ги со млеко до половина и потоа во млекото додадете чиа семе. Оставете ги чашите во фрижидер минимум 2 часа и промешувајте од време на време, со цел чиа семето убаво да набабри и да се распореди во чашата.
  2. Во блендер ставете ги овошјата додека не постигнете убава, густа смеса.
  3. Истурете ја овошната смеса врз млекото во чашите, со сега веќе згуснат чиа пудинг. Декорирајте по желба и послужете.