Празнична пита со јаболка

Количина 8 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 25 мин. Вкупно време 35 мин.

Моите новогодишни и божиќни желби за вас оваа година се следниве: срце исполнето со топлина, куќа исполнета со заносен мирис на јаболко и цимет, како и многу здрави јадења со вкус толку добар како вкусот на оваа пита со прелив од карамела ️♥️ Празниците може да започнат! Бидете сите здрави и радосни секој ден!

Состојки

0/12 Состојки
Прилагоди број на порции
    За тестото
  • За филот
  • За преливот од карамел

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Добро измешајте ги путерот од кикирики, медот и млекото. Додадете го прашокот за пециво, измешајте повторно и потоа полека додадете го брашното. Убаво мешајте додека не добиете хомогено тесто.
  • Земете средна тава за печење, ставете малку хартија за печење и истурете половина од тестото во неа (не треба да се меси). Јас користев калап за тарт, во него не мора да се става хартија за печење. Израмнете го тестото со влажни раце или со шпатула. Израмнетото тесто избодете го со виљушка.
  • Исецкете ги јаболкате на мали и тенки парчиња, додадете палента, цимет и мед. Добро промешајте, па истурете ја смесата со јаболка врз базата од тесто.
  • Навлажнете ги рацете повторно, земете го остатокот од тестото и поставете го преку смесата од јаболка. Распоредете го убаво со влажни раце. Печете 25 минути над 175 степени.
  • Направете карамел смеса со тоа што ќе ги соедините путерот од кикирики и медот. Премачкајте ја питата со таа смеса и оставете ја да се олади. Направете облик на елка со парче хартија - поголем лист хартија го превиткувате на половина и на него со ножица правите облик на половина елка. Штом го отворите листот повторно ќе имате изрежан облик на елка. Ставете го листот врз слојот од карамел, посипете го со кокосово брашно и потоа отстранете го. Уживајте во вашиот сладок Божиќ!