Категорија: Вегетаријанска храна, Главни јадења, Појадок, Разно
Количина
12 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 15 мин.
Готвење:
15 мин.
Вкупно време
30 мин.
Ако сте дел од фановите кои обожаваат јајца за доручек, тогаш размрдајте ја вашата рутина за појадок со овие мини мафини. Ова е повеќе како 4 во 1 рецепт: 4 типа мафини со јајца за појадок кои можат да ги задоволат сите вкусови! Тие можат да се приготват предвреме и можат да се чуваат и во фрижидер со цел да ги искористите кога што сакате. Па, што чекаме?
Состојки
Прилагоди број на порции
-
За сите мафини
- Мафини со лук и маслинки
- Пица мафини
- Македонски мафини
- Мафини со кисели краставички
Инструкции
- Припремете ги соодветните состојки за секој тип на мафини и поделете ги да има состојки за по три мафини од тип.
- Земете плех за мафини со 12 калапи, премачкајте ги калапите со масло и наполнете ги до половина со состојки.
- Во чинија изматете 6 јајца и сол (додадете и друг сушен зачин за поубав вкус и декорација) и истурете од смесата со јајца во секој калап од мафини додека не се наполни речиси до крај.
- Печете 15-20 минути на температура од 180 степени, извадете ги мафините и послужете.
- П.С. Од состојки може да изберете и комбинирате се што сакате! Сликајте ги вашите комбинации со таг на инстаграм @betyouarehungry и хаштаг #betyouarehungry.