Појадок: Омлет мафини

Ако сте дел од фановите кои обожаваат јајца за доручек, тогаш размрдајте ја вашата рутина за појадок со овие мини мафини. Ова е повеќе како 4 во 1 рецепт: 4 типа мафини со јајца за појадок кои можат да ги задоволат сите вкусови! Тие можат да се приготват предвреме и можат да се чуваат и во фрижидер со цел да ги искористите кога што сакате. Па, што чекаме?
Порции: 12 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 15 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
    За сите мафини
  • 6 јајца
  • 1 tsp сол
  • 1 tbsp маслиново масло (се размачува во калапите на плехот)
  • 1 tbsp сушен босилек
  • Мафини со лук и маслинки
  • неколку сецкани маслинки
  • 2 tbsp намаз од лук
  • Пица мафини
  • 1 парче моцарела или лесен кашкавал
  • 2 tbsp доматно пире
  • Македонски мафини
  • 2 tbsp ајвар
  • 1 парче бело сирење
  • Мафини со кисели краставички
  • 2 сецкани кисели краставички
  • 2 tbsp павлака
Инструкции
  1. Припремете ги соодветните состојки за секој тип на мафини и поделете ги да има состојки за по три мафини од тип.
  2. Земете плех за мафини со 12 калапи, премачкајте ги калапите со масло и наполнете ги до половина со состојки.
  3. Во чинија изматете 6 јајца и сол (додадете и друг сушен зачин за поубав вкус и декорација) и истурете од смесата со јајца во секој калап од мафини додека не се наполни речиси до крај.
  4. Печете 15-20 минути на температура од 180 степени, извадете ги мафините и послужете.
  5. П.С. Од состојки може да изберете и комбинирате се што сакате! Сликајте ги вашите комбинации со таг на инстаграм @betyouarehungry и хаштаг #betyouarehungry.