Категорија: Вечера, Главни јадења, Ручек
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
35 мин.
Вкупно време
45 мин.
Буковката е една од најхранливите и здрави видови на печурки. Содржат минимален број на калории и немаат маснотии. Тие се екстремно корисни за намалување на нивото на холестерол, можат да влијаат во деактивација на воспаленија и да го зајакнат здравјето на мозокот затоа што се полни со антиоксиданти и безброј на витамини. Што друго да кажам за овие вкусни печурки освен: ставете ги веднаш на вашата листа за купување и направете го ова вкусно јадење што е можно поскоро!
Состојки
Прилагоди број на порции
-
Подготовка на месо
- Подготовка на сос
Инструкции
- Испржете и парчињата печурки буковка на маслиново масло или путер. Додадете ги зачините, промешајте и тргнете ги на страна во посебен сад.
- Месото исецкајте го на коцки и ставете го во чинија. Додадете ги зачините потребни за месото, измешајте и оставете го да отстои 5 минути. Префрлете го месото во тавата каде што се пржеа печурките (со загреано маслиново масло) и пржете 15 минути на среден оган.
- Додадете ги печурките повторно во тавата со месото, а потоа додајте го и грашокот од конзерва. Пропржете уште 5 минути, па додајте го топлото млеко измешано со лажица интегрално брашно. Промешајте и оставете да се крчка 10 минути на ниска температура.
- Послужете со компири или ориз.