Највкусното пире од карфиол

Количина 4 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 20 мин.

Овој рецепт е толку лесен и здрав што едноставно ќе го обожавате! Многу го сакам стандардното пире од компири, но не секој го сака, па решив да ви понудам алтернатива. Ова е толку добра алтернатива, што дури и луѓето кои воопшто не сакаат зеленчук ќе ја обожаваат! Вкусот е неверојатен, јас веќе се префлив на вакво пире на догледен период 🙂 На здравје!

Состојки

0/8 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/4 Инструкции
  • Цветовите од карфиол варете ги во тенџере со околу 2 чаши вода. Варете 10 минути или додека не омекнат.
  • Во друга тава пропржете го ситно исецканиот лук на малку масло или едноставно користете малку лук во прав наместо оваа фаза.
  • Изблендирајте го карфиолот во процесор за храна (блендер) заедно со солта и биберот. Ако не можете да го направите тоа одеднаш, направете го тоа два или три пати, во зависност од тоа колку е голем вашиот процесор за храна. После тоа префрлете го пирето од карфиол во посебен сад.
  • Во садот со пире од карфиол додадете го и млекото, како и путерот. Добро промешајте додека не се изедначи целата смеса. Додадете рендан пармезан ако сакате и додадете свежи исецкани билки за подобар вкус и декорација. Јас додадов и сушена мајчина душица и излезе многу вкусно! На здравје!