Највкусното пире од карфиол

Овој рецепт е толку лесен и здрав што едноставно ќе го обожавате! Многу го сакам стандардното пире од компири, но не секој го сака, па решив да ви понудам алтернатива. Ова е толку добра алтернатива, што дури и луѓето кои воопшто не сакаат зеленчук ќе ја обожаваат! Вкусот е неверојатен, јас веќе се префлив на вакво пире на догледен период :) На здравје!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 10 мин.
Вкупно време 20 мин.
Состојки
  • 1 голема глава карфиол (пресечен на неколку цветови/делови)
  • 3 tbsp несолен путер
  • 2 чешниња лук (или 1 лажичка лук во прав)
  • 1/3 шолја растително млеко
  • 2 tbsp сецкани билки (магдонос, рукола или босилек)
  • 1/3 tsp сол
  • 1/4 tsp црн бибер
  • 1 tbsp рендан пармезан (по желба)
Инструкции
  1. Цветовите од карфиол варете ги во тенџере со околу 2 чаши вода. Варете 10 минути или додека не омекнат.
  2. Во друга тава пропржете го ситно исецканиот лук на малку масло или едноставно користете малку лук во прав наместо оваа фаза.
  3. Изблендирајте го карфиолот во процесор за храна (блендер) заедно со солта и биберот. Ако не можете да го направите тоа одеднаш, направете го тоа два или три пати, во зависност од тоа колку е голем вашиот процесор за храна. После тоа префрлете го пирето од карфиол во посебен сад.
  4. Во садот со пире од карфиол додадете го и млекото, како и путерот. Добро промешајте додека не се изедначи целата смеса. Додадете рендан пармезан ако сакате и додадете свежи исецкани билки за подобар вкус и декорација. Јас додадов и сушена мајчина душица и излезе многу вкусно! На здравје!