Категорија: Главни јадења, Ручек
Cuisine: Македонска
Количина
4 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
1 ч. 15 мин.
Вкупно време
1 ч. 25 мин.
Уште еден феноменален македонски рецепт кој го научив од мајка ми. Лесeн, едноставен и екстремно вкусен. Имајте го дома мирисот и вкусот на Македонија барем неколку пати месечно.
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Исецкајте ги кромидот, тиквичката, модриот патлиџан и морковите на ситни парчиња, ставете и во тава за пржење, додајте малку вода и оставете да се динста неколку минути.
- Додадете малку масло и пилешкото месо посолено и исецкано на коцки додадете го во тавата со зеленчук. Оставете да се динста уште 15 минути.
- Додадете доматно пире, зачините и компирите исецкани на коцки. Оставете да се динста уште 10 минути и додадете уште малку сол и масло.
- Префрлете ја целата смеса во земјена тава, додадете уште малку топла вода и посипете со магдонос. Печете 30-45 минути на 180 степени.