Македонска кујна: Запечена тава со ѓувеч и пилешко ??

Уште еден феноменален македонски рецепт кој го научив од мајка ми. Лесeн, едноставен и екстремно вкусен. Имајте го дома мирисот и вкусот на Македонија барем неколку пати месечно.
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 75 мин.
Вкупно време 85 мин.
Состојки
  • 500 g пилешко месо
  • 2 tbsp маслиново масло
  • 3 главици кромид
  • 1 тиквица
  • 1 црн патлиџан
  • 3 моркови
  • 4 tbsp доматно пире
  • 3 компири
  • 1 tsp сол
  • 1/2 tsp црн пипер
  • 1 tbsp црвен пипер
  • 1 китка магдонос
  • 2 парчиња ловоров лист
  • 1 tsp лук во прав
Инструкции
  1. Исецкајте ги кромидот, тиквичката, модриот патлиџан и морковите на ситни парчиња, ставете и во тава за пржење, додајте малку вода и оставете да се динста неколку минути.
  2. Додадете малку масло и пилешкото месо посолено и исецкано на коцки додадете го во тавата со зеленчук. Оставете да се динста уште 15 минути.
  3. Додадете доматно пире, зачините и компирите исецкани на коцки. Оставете да се динста уште 10 минути и додадете уште малку сол и масло.
  4. Префрлете ја целата смеса во земјена тава, додадете уште малку топла вода и посипете со магдонос. Печете 30-45 минути на 180 степени.