Капучино колач без брашно

Количина 6 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 30 мин. Вкупно време 40 мин.

За денес имаме еден превкусен и лесен колач, со неверојатно сочна внатрешност и арома на којашто ќе се сеќавате со денови. И замислете, не ви треба брашно! Целосно здраво и препорачано за сите љубители на благо, а верувам дека ве има доста. 🙂 И замислете го овој колач во прилог со шолја капучино. Совршено! Нека ви е на здравје.

Состојки

0/11 Состојки
Прилагоди број на порции
    Микс 1
  • Микс 2

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Измешајте ги состојките од групата Микс 1 во длабок сад.
  • Додадете ги состојките од вториот микс и мешајте со лажица или миксер додека не добиете хомогена смеса. Пробајте ја смесата за да проверите дали ви е доволно благо. Додадете капучино или мед ако сакате поинтензивен/поблаг вкус.
  • Истурете ја смесата во мала тава за печење (10х30цм, 20х20цм или слично) врз претходно поставена хартија за печење. Доколку сакате ставете овошје за посочен вкус.
  • Печете 30 минути. При крај посипете со мелени лешници или декорирајте по ваш вкус.