Капучино колач без брашно

За денес имаме еден превкусен и лесен колач, со неверојатно сочна внатрешност и арома на којашто ќе се сеќавате со денови. И замислете, не ви треба брашно! Целосно здраво и препорачано за сите љубители на благо, а верувам дека ве има доста. :) И замислете го овој колач во прилог со шолја капучино. Совршено! Нека ви е на здравје.
Порции: 6 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 40 мин.
Состојки
    Микс 1
  • 2 јајца (матени)
  • 1 tsp ванила екстракт
  • 1 шолја таан
  • 1/2 шолја мед
  • Микс 2
  • 3 tbsp какао
  • 2-3 tbsp капучино во прав
  • 1 tsp сода бикарбона
  • 1/4 tsp сол
  • 50 g мелени лешници
  • 150 g замрзнато или свежо овошје (по желба)
  • 1/2 пасирана банана (по желба)
Инструкции
  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Измешајте ги состојките од групата Микс 1 во длабок сад.
  3. Додадете ги состојките од вториот микс и мешајте со лажица или миксер додека не добиете хомогена смеса. Пробајте ја смесата за да проверите дали ви е доволно благо. Додадете капучино или мед ако сакате поинтензивен/поблаг вкус.
  4. Истурете ја смесата во мала тава за печење (10х30цм, 20х20цм или слично) врз претходно поставена хартија за печење. Доколку сакате ставете овошје за посочен вкус.
  5. Печете 30 минути. При крај посипете со мелени лешници или декорирајте по ваш вкус.