Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Десерти, Ужина
Количина
6 Порции
Ви го претставувам мојот најнов експеримент за здрави колачиња, кој излезе како од бајка! Не двоумете се да поминете 15 минути во вашата кујна за да ги направите овие неверојатно лесни, вкусни и здрави задоволства. Не содржат ниту грам шеќер и брашно, а сепак имаат вкус на најдобриот чоколаден десерт што некогаш сте го пробале! Навалете, убави луѓе!
Состојки
Прилагоди број на порции
-
Чоколадна база
- Фил
- Завршен чоколаден слој
Инструкции
- Растопете го чоколадото заедно со кокосовото масло, а потоа додадете го растителното млеко. Истурете го чоколадото во секоја чашка од силиконскиот калап или доколку користите обичен калап за мафини, тогаш пред да ја посипете чоколадната база, ставете хартиени корпи за колачиња во секоја чашка.
- Во меѓувреме, изблендирајте ги урмите заедно со овесните снегулки во процесор за храна. Префрлете ја смесата во сад и додадете раскршен корнфлекс, путер од кикирики и млеко. Измешајте ги заедно сите состојки додека грубо не се соединат.
- Ставете една до две малини врз секоја чоколадна основа, па врз нив ставете по една лажица фил.
- Растопете го Choconella намазот заедно со кокосово масло и додадете млеко за да го добиете финалниот слој. Ако немате Choconella, направете ја истата комбинација како за чоколадната база (направете дупла количина од чоколадната база), истурете врз секое колаче и израмнете со лажица. Врз секое колаче посипете и малку растопен путер од кикирики за да исцртате marble effect со чепкалка за заби. Оставете ги колачињата да отстојат 2 часа во замрзнувач пред да ги послужите.