Категорија: Главни јадења, Ручек
Cuisine: Македонска
Количина
4 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
1 ч.
Вкупно време
1 ч. 10 мин.
Ако прашате некој странец којшто ја посетил Македонија што би посочил како највпечатлива карактеристика на нашата земја, што би одговорил? Освен гостопримството на луѓето и безбројните природни убавини, тој сигурно нема да ја заобиколи македонската традиционална храна. Македонската храна е уникатна комбинација на влијанијата на Медитеранот и Блискиот исток и благодарение на сонцето и плодната почва, богата со вкусови. Климата исто така е совршена за одгледување на исклучителен асортиман на вина. Еве еден рецепт за едно многу популарно и вкусно македонско јадење, тава со ориз и копани. Ветувам дека ќе подготвам за вас уште многу македонски мераци!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Копаните ги посипуваме со 1 лажиче сол и ги ставаме да се варат во тенџере со вода околу 30 минути.
- Во тава за печење премачкуваме со маслоново масло и го пропржуваме кромидот, а потоа го додаваме и оризот да се пропржи.
- Го додаваме сецканиот зеленчук, промешуваме и ги поставуваме варените копани во тавата со ориз. Ги посипуваме копаните со сушен магдонос и босилек. Тавата ја полеваме со водата во којашто претходно го варевме месото.
- Печеме на 180 степени сè додека водата не е целосно впиена, оризот е целосно сварен и месото е сочно и крцкаво.