Тава со ориз и копани ??

Ако прашате некој странец којшто ја посетил Македонија што би посочил како највпечатлива карактеристика на нашата земја, што би одговорил? Освен гостопримството на луѓето и безбројните природни убавини, тој сигурно нема да ја заобиколи македонската традиционална храна.  Македонската храна е уникатна комбинација на влијанијата на Медитеранот и Блискиот исток и благодарение на сонцето и плодната почва, богата со вкусови. Климата исто така е совршена за одгледување на исклучителен асортиман на вина. Еве еден рецепт за едно многу популарно и вкусно македонско јадење, тава со ориз и копани. Ветувам дека ќе подготвам за вас уште многу македонски мераци!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 60 мин.
Вкупно време 70 мин.
Состојки
  • 300 g ориз
  • 4 пилешки копани со надкопан
  • 150 g грашок
  • 150 g сецкани моркови
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 кромид
  • 1 tsp сушен магдонос
  • 1 tsp сушен босилек
  • 1 tsp сол
Инструкции
  1. Копаните ги посипуваме со 1 лажиче сол и ги ставаме да се варат во тенџере со вода околу 30 минути.
  2. Во тава за печење премачкуваме со маслоново масло и го пропржуваме кромидот, а потоа го додаваме и оризот да се пропржи.
  3. Го додаваме сецканиот зеленчук, промешуваме и ги поставуваме варените копани во тавата со ориз. Ги посипуваме копаните со сушен магдонос и босилек. Тавата ја полеваме со водата во којашто претходно го варевме месото.
  4. Печеме на 180 степени сè додека водата не е целосно впиена, оризот е целосно сварен и месото е сочно и крцкаво.