Категорија: Главни јадења, Ручек
Количина
4 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 20 мин.
Готвење:
40 мин.
Вкупно време
1 ч.
Што вкусно ќе ручаме денес? Погледнете го мојот избор и доколку одлучите да го направите, споделете дали ви се допадна.
Состојки
Прилагоди број на порции
-
Meat Skewers
- Risotto
Инструкции
- Коцките месо ги наденуваме на стапчињата за ражничи, ги обложуваме со малку сол и сенф, ги редиме во тава за печење и посипуваме со сушен босилек и рузмарин. Ги печиме 30-40 минути на 200 степени. Надвор се крцкави, внатре многу сочни.
- Оризот го динстаме малку на путер, ставаме малку сол и го покриваме со вода 1 прст над него, и ставаме во рерна дури не се свари и водата не испари. Оризот може да биде и варен.
- Во друг сад, динстаме печурки на путер, додаваме бешамел сос или хопла, динстаме повторно околу 5 минути и во садот го додаваме и подготвениот ориз. Сите состојки убаво ги соединуваме и посипуваме супен магдонос за подобар вкус. Додадете рендан пармезан за декорација.