Појадок: Овесни снегулки со банана и кокос

Количина 3 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 5 мин. Готвење: 10 мин. Вкупно време 15 мин.

Денес ви претставувам почеток на серија со најразлични овесни појадоци припремени од претходниот ден или вечер. Поради брзото темпо на живот најчесто немаме време да појадуваме, па поради тоа јас и моите колешки на работа одлучивме во работните денови да си припремаме ваков појадок за следниот работен ден. Си обезбедивме на работа неопходен материјал: овесни снегулки и чиа семе на залиха, како и незасладена течност (најчесто млечен продукт). За сите останати додатоци, се водиме од нашата креативност и баш ни е интересно. Вака секој ден појадокот не’ чека спремен на работа! 🙂
Пробајте и вие да го воведете ова со вашите колеги, со семејството или со цимерите, па да видите кој од вас ќе прави најубав овесен појадок. Заедно е многу позабавно!
Ајде да разбиваме митови дека немаме време за појадуваме во работните денови, а камо ли да припремаме појадок наутро (и тоа здрав)! Се’ што ви треба за да почнете се вакви слатки теглички и желба.

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/6 Инструкции
  • Го мешаме чиа семето со малку млако млеко и мед, па го посипуваме во тегличките. Со тоа го правиме првиот слој на овесниот појадок.
  • Убаво промешуваме малку овес со млеко, мед и путер од кикирики и го правиме второт слој во тегличката.
  • Како трет слој ставаме тенки парчиња банана.
  • Како четврт слој ставаме уште малку овес, кокос, кршени лешници и шумско овошје (замрзнато) за декорација.
  • Ја затвараме тегличката и оставаме да отстои цела ноќ во фрижидер.
  • Следното утро имаме мек и совршен сладок појадок.