Категорија: Вегетаријанска храна, Вечера, Главни јадења, Ручек
Cuisine: Македонска
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 15 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
45 мин.
Прекрасна, здрава и вкусна македонска тава која е убаво барем еднаш месечно да ја има на трпезата поради тоа што е многу нутритивно богата. Спанаќот може да го комбинирате и со блитва, зелје или коприви (покрај оризот). Многу е лесна и едноставна за правење, а вкусот е прекрасен во комбинација со кисело млеко! На здравје!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Запржете го кромидот во тава со малку маслиново масло, додадете го исчистениот спанаќ и пржете додека не омекне.
- Додадете го оризот и продолжете да пржете додека не стане малку проѕирен. Покрај оризот може да додадете и сецкан морков.
- Додадете врела вода за да го покриете спанаќот, додадете сол и коцка супа, измешајте и ставете ја тавата во рерната.
- Печете околу 30 минути на 200 степени. Пред крајот, направете вдлабнатини во јадењето и додадете ги јајцата на врвот. Вратете ја тавата во рерната за да печете уште 5 минути.
- Се сервира топло со кисела павлака или со кисело млеко. На здравје!