Македонска кујна: Тава со спанаќ и ориз ??

Прекрасна, здрава и вкусна македонска тава која е убаво барем еднаш месечно да ја има на трпезата поради тоа што е многу нутритивно богата. Спанаќот може да го комбинирате и со блитва, зелје или коприви (покрај оризот). Многу е лесна и едноставна за правење, а вкусот е прекрасен во комбинација со кисело млеко! На здравје!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 15 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 45 мин.
Состојки
  • 600 g спанаќ
  • 2 cup ориз
  • 1 кромид
  • 1/2 tbsp сол
  • 1 коцка супа од зеленчук
  • 3 јајца
  • 1 tbsp маслиново масло
Инструкции
  1. Запржете го кромидот во тава со малку маслиново масло, додадете го исчистениот спанаќ и пржете додека не омекне.
  2. Додадете го оризот и продолжете да пржете додека не стане малку проѕирен. Покрај оризот може да додадете и сецкан морков.
  3. Додадете врела вода за да го покриете спанаќот, додадете сол и коцка супа, измешајте и ставете ја тавата во рерната.
  4. Печете околу 30 минути на 200 степени. Пред крајот, направете вдлабнатини во јадењето и додадете ги јајцата на врвот. Вратете ја тавата во рерната за да печете уште 5 минути.
  5. Се сервира топло со кисела павлака или со кисело млеко. На здравје!