Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Вечера, Мезе и грицки, Прилози, Ручек
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
40 мин.
Ви ја претставувам причината поради која веќе со години не јадам помфрит. Тоа е затоа што најдов начин да ги приготвувам компирите на многу поздрав начин. Згора на тоа, тие се милион пати покрцкави и повкусни! А внатре меки како леб. Пробајте ги уште утре!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Убаво измијте ги компирите и без да ги лупите исецкајте ги на парчиња во вид на полумесечини.
- Парчињата компири ставете ги во длабок сад и зачинете со сол, чили и оригано. Ставете лажица маслиново масло и промешајте убаво со дрвена лажица за се залепат зачините на секој компир, од секоја страна.
- Истурете ги компирите врз тава за печење со претходно поставена хартија и печете 30 минути на 220 степени.
Компирите се превкусниииииии!!!!!!