Крцкави виџис компири

Ви ја претставувам причината поради која веќе со години не јадам помфрит. Тоа е затоа што најдов начин да ги приготвувам компирите на многу поздрав начин. Згора на тоа, тие се милион пати покрцкави и повкусни! А внатре меки како леб. Пробајте ги уште утре!
Порции: 4 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 30 мин.
Вкупно време 40 мин.
Состојки
  • 5 големи компири
  • 1 tbsp сол или вегета
  • 1 tbsp чили
  • 1 tbsp оригано
  • 1 tbsp маслиново масло
  • 1 tsp црн бибер
Инструкции
  1. Убаво измијте ги компирите и без да ги лупите исецкајте ги на парчиња во вид на полумесечини.
  2. Парчињата компири ставете ги во длабок сад и зачинете со сол, чили и оригано. Ставете лажица маслиново масло и промешајте убаво со дрвена лажица за се залепат зачините на секој компир, од секоја страна.
  3. Истурете ги компирите врз тава за печење со претходно поставена хартија и печете 30 минути на 220 степени.