Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Вечера, Главни јадења, Ручек
Количина
4 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
40 мин.
Вкупно време
50 мин.
Порано бев цврст поборник против леќата, но знаејќи ги нејзините богати хранливи вредности, решив да вложам напор и да направам неколку експерименти за да дојдам до оброк од леќа што ќе ми се допадне. Го направив сето тоа и верувајте ми дека вредеше! Вака приготвената леќа не само што ми се допаѓа, туку изненадувачки многу ми се допаѓа! Има кремаста текстура, невообичаено добар вкус и одлично оди во комбинација со компири или ориз. Мора да ја пробате!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Кромидот и лукот исецкајте ги ситно, па ставете ги да се пропржат во тенџере.
- Во истото тенџере додадете ја леќата, солта, водата и коцките супа. Варете околу 40 минути на среден накај слаб оган, односно додека леќата не омекне доволно за ваш вкус.
- 10 минути пред да ја тргнете леќата од оган, додадете го доматното пире, оцетот, таанот и сенфот. Измешајте убаво за да добиете густа течност. Варете уште 10 минути и послужете со компири или ориз.