Категорија: Вегетаријанска храна, Десерти, Разно, Ужина
Количина
6 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
30 мин.
Вкупно време
40 мин.
За денес имаме еден превкусен и лесен колач, со неверојатно сочна внатрешност и арома на којашто ќе се сеќавате со денови. И замислете, не ви треба брашно! Целосно здраво и препорачано за сите љубители на благо, а верувам дека ве има доста. 🙂 И замислете го овој колач во прилог со шолја капучино. Совршено! Нека ви е на здравје.
Состојки
Прилагоди број на порции
-
Микс 1
- Микс 2
Инструкции
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Измешајте ги состојките од групата Микс 1 во длабок сад.
- Додадете ги состојките од вториот микс и мешајте со лажица или миксер додека не добиете хомогена смеса. Пробајте ја смесата за да проверите дали ви е доволно благо. Додадете капучино или мед ако сакате поинтензивен/поблаг вкус.
- Истурете ја смесата во мала тава за печење (10х30цм, 20х20цм или слично) врз претходно поставена хартија за печење. Доколку сакате ставете овошје за посочен вкус.
- Печете 30 минути. При крај посипете со мелени лешници или декорирајте по ваш вкус.