Категорија: Веганска храна, Вегетаријанска храна, Десерти, Ужина
Количина
6 Порции
Комплексност:Лесна
Подготовка: 10 мин.
Готвење:
10 мин.
Вкупно време
20 мин.
Конечно е тука! Мојот прв рецепт за целосно здрав сладолед, прв од многуте што ќе следат затоа што ни претстои долго и прекрасно лето! Уживајте!
Состојки
Прилагоди број на порции
Инструкции
- Измешајте ги сите состојки во блендер и истурете ја смесата во сад па ставете ја во замрзнувач. После тоа со лажица за сладолед може да го сервирате сладоледот во вид на топки.
- Доколку имате калапи за сладолед на стапче, наполнете ги калапите со добиената смеса, па ставете ги во замрзнувач. Пред послужување само ставете ги калапите во сад со топла вода околу 5 минути со прекини, па извадете ги сладоледите, потопете ги во растопено темно чоколадо и посипете ги со мелени лешници.
- Бонус идеја: Доколку немате калапи за сладолед, а сакате да направите сладолед на стапчиња што побрзо, наместо калап може да употребите опаковка од купен сладолед или друг десерт со правоаголна форма. Пред да го извадите купениот сладолед или десертот, опаковката нема да ја отворите стандардно туку ќе ја пресечете најгоре по права хоризонтална линија за да ви остане опаковката во вид на калап. Подоцна таа опаковка (или неколку, кога ќе соберете) наполнете ја со веган сладолед, во средината набодете стапче и ставете ја во замрзнувач. Пред послужување отворете ја опаковката стадардно (нема да ја употребувате повторно). Имајте долго и здраво лето!