Категорија: Вегетаријанска храна, Десерти, Разно, Ужина
Количина
12 Порции
Комплексност:Средна
Подготовка: 30 мин.
Готвење:
1 ч.
Вкупно време
1 ч. 30 мин.
Денес го имам за вас совршениот чизкејк којшто може да го јадете без грижа на совест, направен без брашно и без шеќер! Нискокалоричен, кремаст и апсолутно вкусен! Неверојатна мешавина направена од неколку различни јаткасти плодови, урми, грчки јогурт (грчки јогурт Олимпус во мојот случај), како и мојот претходно објавен лесен и здрав џем како завршен топинг. Десерт – вистинска фантазија, верувајте!
Состојки
Прилагоди број на порции
-
За базен дел
- За кремастиот дел
- За џемот
Инструкции
-
Базна смеса
- Процесирајте ги поединечно јаткастите плодови, а посебно урмите, па споете ги во еден сад заедно со млекото. Смесата префрлете ја во садот за торта, израменет ја и оставете ја во замрзнувач 10 минути. Кремаста смеса
- Во меѓувреме, измешајте ги состојките за кремастиот дел и ставете ја таа смеса врз изладената базна смеса. Повторно оставете во замрзнувач околу 10 минути. Џем
- Во тенџере растопете го кокосовото масло и ставете ги малинките. Гответе ги на средна температура неколку минути па налејте 1/2 шолја вода. Оставете го тенџерето на оган уште 10 минути со постојано мешање. Тргнете го тенџерето од оган, додадете го медот, промешајте, додадете го чиа семето и оставете да отстои околу половина час и да се излади. Премачкајте го џемот врз кремастиот дел од чиз кејкот.
- Чувајте го во замрзнувач, вадете парчиња 10 минути пред послужување.