Здрав и лесен чиз кејк (без печење)

Денес го имам за вас совршениот чизкејк којшто може да го јадете без грижа на совест, направен без брашно и без шеќер! Нискокалоричен, кремаст и апсолутно вкусен! Неверојатна мешавина направена од неколку различни јаткасти плодови, урми, грчки јогурт (грчки јогурт Олимпус во мојот случај), како и мојот претходно објавен лесен и здрав џем како завршен топинг. Десерт - вистинска фантазија, верувајте!
Порции: 12 yield(s)
Подготовка: 30 мин.
Готвење: 60 мин.
Вкупно време 90 мин.
Состојки
    За базен дел
  • 150 g лешници
  • 150 g сирови бадеми
  • 1/2 шолја растително млеко (оризово или бадемово)
  • 1/2 шолја овесни снегулки (процесирано во блендер ситно во вид на брашно)
  • 12 урми (додадете уште ако сакате поблаго)
  • За кремастиот дел
  • 500 g грчки јогурт
  • 500 g лесно крем сирење
  • 4 tbsp мед
  • За џемот
  • 1 cup малини
  • 2 tbsp мед
  • 3 tbsp чиа семе
  • 1 tbsp кокосово масло
  • 1/3 шолја вода
Инструкции
    Базна смеса
  1. Процесирајте ги поединечно јаткастите плодови, а посебно урмите, па споете ги во еден сад заедно со млекото. Смесата префрлете ја во садот за торта, израменет ја и оставете ја во замрзнувач 10 минути.
  2. Кремаста смеса
  3. Во меѓувреме, измешајте ги состојките за кремастиот дел и ставете ја таа смеса врз изладената базна смеса. Повторно оставете во замрзнувач околу 10 минути.
  4. Џем
  5. Во тенџере растопете го кокосовото масло и ставете ги малинките. Гответе ги на средна температура неколку минути па налејте 1/2 шолја вода. Оставете го тенџерето на оган уште 10 минути со постојано мешање. Тргнете го тенџерето од оган, додадете го медот, промешајте, додадете го чиа семето и оставете да отстои околу половина час и да се излади. Премачкајте го џемот врз кремастиот дел од чиз кејкот.
  6. Чувајте го во замрзнувач, вадете парчиња 10 минути пред послужување.