Здрава Јафа торта (без печење)

Количина 10 Порции Комплексност:Средна Подготовка: 10 мин. Готвење: 1 ч. Вкупно време 1 ч. 10 мин.

Ви претставувам уште еден од моите вкусни пронајдоци! Во овој случај, здрава Јафа торта со вкус на портокал и чоколадо. Многу е лесна за правење, многу нискокалорична и полна со хранливи состојки. Кој би рекол дека ваквото задоволство може да биде добро за вашето здравје?

Состојки

0/10 Состојки
Прилагоди број на порции
    Base
  • Filling
  • Topping

Инструкции

0/5 Инструкции
  • Сомелете ги урмите и ставете и во чинија. Додадете ги мелените лешници, овесните снегулки, какаото и млекото и убаво измешајте. Со тоа ќе ја добиете смесата која ќе ви послужи како основа на тортата.
  • Истурете ја смесата на чинија, израмнете ја со лажица за да биде висока околу 2 сантиметри, па ставете ја во замрзнувач околу 30 минути.
  • Во меѓувреме излупете ги портокалите и ставете ги во блендер со ванила екстрактот. На страна растворете желатин во три лажици ладна вода, измешајте, оставете да отстои неколку минути и додадете го во смесата. Потоа цела смеса загрејте ја во тенџере додека да се вжешти и желатинот не се раствори, па претурете ја во друг сад и ставете ја во замрзнувач околу 30 минути, додека не се добие густа смеса.
  • Смесата од портокал истурете ја врз стврднатата базна смеса, убаво израмнете и покријте ја со растопено темно чоколадо и путер. Посипете со делумно мелени лешници или ореви за декорација.
  • Ставете ја тортата уште 10 минути во замрзнувач, па извадете ја и исечете ја на парчиња. Тортата се чува во замрзнувач и се вадат парчиња 10 минути пред послужување.