Здрава Јафа торта (без печење)

Ви претставувам уште еден од моите вкусни пронајдоци! Во овој случај, здрава Јафа торта со вкус на портокал и чоколадо. Многу е лесна за правење, многу нискокалорична и полна со хранливи состојки. Кој би рекол дека ваквото задоволство може да биде добро за вашето здравје?
Порции: 10 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 60 мин.
Вкупно време 70 мин.
Состојки
    Base
  • 100 g лешници
  • 10 урми
  • 1 шолја овесни снегулки
  • 3 tbsp какао
  • 1 шолја млеко (јас користам растително млеко за најздрава варијанта)
  • Filling
  • 5 портокали
  • 1 tbsp екстракт од ванила
  • 1 желатин во прав (околу 10г или едно пакување)
  • Topping
  • 100 g темно чоколадо (јас користев 80% црно чоколадо)
  • 1 tsp путер
Инструкции
  1. Сомелете ги урмите и ставете и во чинија. Додадете ги мелените лешници, овесните снегулки, какаото и млекото и убаво измешајте. Со тоа ќе ја добиете смесата која ќе ви послужи како основа на тортата.
  2. Истурете ја смесата на чинија, израмнете ја со лажица за да биде висока околу 2 сантиметри, па ставете ја во замрзнувач околу 30 минути.
  3. Во меѓувреме излупете ги портокалите и ставете ги во блендер со ванила екстрактот. На страна растворете желатин во три лажици ладна вода, измешајте, оставете да отстои неколку минути и додадете го во смесата. Потоа цела смеса загрејте ја во тенџере додека да се вжешти и желатинот не се раствори, па претурете ја во друг сад и ставете ја во замрзнувач околу 30 минути, додека не се добие густа смеса.
  4. Смесата од портокал истурете ја врз стврднатата базна смеса, убаво израмнете и покријте ја со растопено темно чоколадо и путер. Посипете со делумно мелени лешници или ореви за декорација.
  5. Ставете ја тортата уште 10 минути во замрзнувач, па извадете ја и исечете ја на парчиња. Тортата се чува во замрзнувач и се вадат парчиња 10 минути пред послужување.