Француски тост
Ок, сега и официјално можам да кажам дека нема подобар начин да се започне денот од ден започнат со француски тост за појадок! Прелесен е за подготовка и е неверојатно вкусен!
Прелистување по категорија на рецепти
Ок, сега и официјално можам да кажам дека нема подобар начин да се започне денот од ден започнат со француски тост за појадок! Прелесен е за подготовка и е неверојатно вкусен!
Моите новогодишни и божиќни желби за вас оваа година се следниве: срце исполнето со топлина, куќа исполнета со заносен мирис на јаболко и цимет, како и многу здрави јадења со вкус толку добар како вкусот на оваа пита со прелив од карамела ️♥️ Празниците може да започнат! Бидете сите здрави и радосни секој ден!
Ги правам овие вкусни мафини веќе со години, и тие сè уште се еден од омилените оброци во нашиот дом. Тие се екстремно лесни за правење, вкусни се и крцкави затоа што се полни со сирење и семиња, а исто така се и суперхранливи. Можете да ги јадете свежи со чаша јогурт или ајран, може …
Енчиладата е тортиља полна со фил, прелиена со сос и запечена. Енчиладите може да се полнат со разни состојки, вклучувајќи месо, сирење, грав, компир, зеленчук или најразлични комбинации. Сосовите може да варираат од лути како чили и салса, па се до поприлагодени сосови како овој. Јас го обожавам вкусот кој се добива со комбинација на …
Дали некогаш сте пробале интегрални ѓевреци со јајца? Тоа е превкусен појадок кој може да го дегустирате во некој од рестораните во Охрид, додека уживате во глетка со поглед на езеро. Совршено одат со ајвар и традиционалното охридско макало од лук. Можете да користите полуготови интегрални ѓевреци (ги има во поголемите маркети) или да ги …
Ви претставувам вкусна интегрална пита која е богата со здравје и прелесна за подготовка. Уживајте во вкусовите!
Зависникот од здрави домашни грицки се пријавува на должност! Овие крекери со сирење се домашни, вкусни, хранливи и економични. Контролирајте што внесувате во својот организам преку конзумирање храна којашто сами ќе си ја направите, не можам да го кажам ова онолку пати колку што би било доволно поради неговата важност. И плус, овие грицки се …
Kanelbullar е класика во шведските кафулиња и домови (време на фика – време за пријатели и колеги да споделат шолја кафе и колаче). За време на златното доба на домашното печење во Шведска, ваквите забави се претворија во мини-фабрики за разни пецива и колачи. Оваа традиција и ден денес живее во Шведска. Ако престојувате таму …
Е многу сакам интегрални ѓевречиња, идеални се за појадок и може да ги земете со вас и јадете каде што ќе посакате. За денес ви подготвив превкусна комбинација на овие ѓевреци, а тоа е со песто сос и со мини капрезе салата. Верувајте, многу вкусна комбинација! Ѓевреците може и да ги купите доколку се направени …
Овој вид на лесни овесни лепчиња имаат прекрасен вкус, одлично заситуваат и имаат само две главни состојки, а брашното не е ниту една од нив. Можете да направите четири лепчиња со средна големина, или две поголеми (во зависност од тавата што ќе ја користите). Јас избрав да направам неколку помали лепчиња затоа што ми беше …
Направете си сами дома превкусен донер кебаб, без ни малку грижа на совест. Ви нудам комплетна верзија на здрав донер, оригинален вкус и изглед – со интегрално пита лепче и домашни сосеви. Здравата исхрана никогаш не била повкусна, нели?
Бурек или Börek е традиционална турска пита со кори (печена), обично полна со месо или сирење. Јас лично многу сакам бурек со месо и едноставно МОРАВ да пронајдам начин да го направам помалку мрсен и калоричен, а да го задржам истиот вкус! Ја открив тајната и сега ви ја откривам и вам! Бурек кој воопшто …
Руските палачинки со сирење наречени syrniki станаа мојот најнов омилен појадок, ужина, па дури и десерт. Заљубена сум во нив уште од првиот пат штом ги направив. И тоа ги прилагодив за да добијам здрава варијанта, и пак имаат совршен вкус! Малку крцкаво однадвор и малку кремасто одвнатре. Мх! Ете идеја што да направите утре …
Израелската самбуса (sambusaq – израелска варијанта на калцонето или емпанадата) е печено или пржено тесто кое има триаголна или форма на полумесечина. Рецептот припаѓа на еврејската кујна, а разни рецепти со самбуса се донесени во Израел од еврејските мигранти кои доаѓале од други земји на Блискиот Исток и Африка. Тоа е всушност едно навистина забавно …
За добро утро, замислете пита, штотуку извадена од рерна, крцкава, вкусна и со неодолив мирис! А притоа приготвена здраво, без бело брашно, сол и квасец. Уште да извадиме на маса јогурт и доматче, па денот може совршено да започне!
Што сè има во 100 грама спанаќ? Има само 23 калории. Содржи солидна количина растворливи растителни влакна и се препорачува во програмите за намалување на холестеролот во крвта. Има околу 25 проценти од дневните потреби од железо. Има 4 пати повеќе од дневните потреби на витамин К. Витаминот К игра клучна улога во зајакнувањето на …