Јајца на путер со праз

Количина 2 Порции Комплексност:Лесна Подготовка: 10 мин. Готвење: 20 мин. Вкупно време 30 мин.

Зачинет праз врз путер и сето тоа со неколку јајца … Нема да верувате во неверојатниот вкус на ова јадење. А зошто е здраво? Прочитајте подолу.

Празот е одличен извор на витамини А, Ц и К (важен е за превенција при згрутчување на крвта). Исто така содржи минерали како што се железото (што е важно за црвените крвни зрнца) и манган (вклучен во регулирањето на работата на мозокот и нервите). Празот е и добар извор на диетални влакна, така што овој оброл ќе ве држи сити подолго време, а истовремено ќе ви обезбеди најголем дел од вашата дневна доза со хранливи материи.

Состојки

0/9 Состојки
Прилагоди број на порции

Инструкции

0/2 Инструкции
  • Исецкајте го празот, пршутата и младиот кромид и гответе ги во тава врз растопен путер се' додека не омекнат, на средна температура. Додадете ги зачините и добро промешајте.
  • Направете четири вдлабнатини врз празот и истурете го секое од јајцата во нив. Покријте ја тавата со капак или со друга тава и оставете ги јајцата да се готват на пареата што се создава околу 10 минути на слаб оган. На здравје!