Јајца на путер со праз

Зачинет праз врз путер и сето тоа со неколку јајца ... Нема да верувате во неверојатниот вкус на ова јадење. А зошто е здраво? Прочитајте подолу. Празот е одличен извор на витамини А, Ц и К (важен е за превенција при згрутчување на крвта). Исто така содржи минерали како што се железото (што е важно за црвените крвни зрнца) и манган (вклучен во регулирањето на работата на мозокот и нервите). Празот е и добар извор на диетални влакна, така што овој оброл ќе ве држи сити подолго време, а истовремено ќе ви обезбеди најголем дел од вашата дневна доза со хранливи материи.
Порции: 2 yield(s)
Подготовка: 10 мин.
Готвење: 20 мин.
Вкупно време 30 мин.
Состојки
  • 2 парчиња праз
  • 2 парчиња млад кромид
  • 2 tbsp путер
  • 1/4 tsp чили во прав
  • 1/2 tsp лук во прав
  • 1/2 tsp сол
  • 4 јајца
  • 1 tsp мајчина душица
  • 2 парчиња пршута
Инструкции
  1. Исецкајте го празот, пршутата и младиот кромид и гответе ги во тава врз растопен путер се' додека не омекнат, на средна температура. Додадете ги зачините и добро промешајте.
  2. Направете четири вдлабнатини врз празот и истурете го секое од јајцата во нив. Покријте ја тавата со капак или со друга тава и оставете ги јајцата да се готват на пареата што се создава околу 10 минути на слаб оган. На здравје!